Гостин уредник – Хрватска
Добар сооднос на ученичката креативност и професионално уреден веб-портал – истакна Кепески
“Клинчек има добра драматургија на насловната страница, доволен број на различни елементи и главните топ теми на насловната страница. Тоа е весник со добар сооднос на ученичката креативност и професионално уреден веб-портал. Само така продолжете.” Ова веше истакнато вчера, на националната дебата на LiDraNo (Фестивал на ликовна драма и литературна креативност) за училишни весници, од страна на Невен Кепески, уредник на Модра Ласта и член на комитетот за училишни весници.

Кепески, како еден од членовите на комитетот, имаше задача да коментира за секој од 15-те дигитални учичишни весници што ги водат ученици од основните и средните училишта избрани за националното ниво на LiDraNo. Анита Шојат и Марко Баус, исто така членови на комитетот, истакнаа дека квалитетот на училишните весници се зголемува секоја година. За секој училишен весник, тие ги посочија неговите јаки и слаби страни. Слушајќи ја снимката од дебатата, откривме дека преовладува пофалбата, бидејќи како што истакна Кепески, беа избрани само најдобрите за национално ниво. Една од општите забелешки беше дека не сите новинарски типови се доволно застапени во училишните весници.

Дебатата на која што можевте да дознаете многу корисни совети за дизајнот на училишните весници, наместо во Шибеник, како што вообичаено се одржуваше претходните години, се одржа преку интернет преку апликацијата Adobe Connect. Секретарот на комитетот, Сречко Листеш, рече дека се надева дека состанокот на LiDraNo следната година нема да се одржи онлајн. На сите им се допадна неговиот предлог, па сите присутни ги приклучија нивните микрофони и се збогуваа со силен аплауз.
Автор: Леа Харча
фото: слики од екран
Оригиналниот натпис е објавен во училишниот дигитален весник Klinček
Превод: Б.Јанчевска
Едитирање и уредување: Љ.Ружинска