Работилници

Деветтоодделенците учеа како да се справат со лажни вести

На 16.12.2020 година на нашиот одделенски час во IX-3 одделение се запознавме со начинот на Справување со лажните вести преку работилницата која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре. Работилницата беше реализирана онлајн од страна на нашиот класен раководител, Елена Кузмановска. 

На почеток на работилницата продискутиравме за неколку прашања поврзани со тоа на каков начин ние се здобиваме со секојдневни новини и информации. Откако ги разгледавме нашите одговори заклучивме дека во денешните медиумски системи луѓето имаат поголема веројатност да се соочат со лажни и погрешни информации на дневна основа отколку порано. Токму оваа работилница ни помогна да ги пронајдеме разликите помеѓу веродостојните и лажни информации. Но пред да дознаеме како да ги распознаеме разликите ние ја научивме улогата на лажните вести и заклучивме дека борбата со лажните вести на социјалните мрежи се сведува на разбирање на целите на самата платформа. Платформите на социјалните медиуми заработуваат со продажба на компании за реклами со податоци за корисниците, поради што честопати гледаме реклами прилагодени на вашите интереси .

Откако научивме зошто лажните вести постојат следна задача ни беше да ги разгледаме карактеристиките на лажните и вистинити вести и на што треба да обрнеме внимание додека читаме нови информации. Преку неколку интересни игри успеавме одлично да ја совладаме и оваа задача,а за да ги распознаеме новостите се користевме со следните стратегии: прво што земавме во предвид кој е изворот на информациите и проценивме дали е веродостоен, прочитавме надвор од насловот и го проверивме датумот на објавување . На крајот од работилницата заклучивме дека добро сме ја совладале темата поради одличните резултати и знаења кои ги покажавме .

Автор: Гала Додевска IX-3

Фото: screenshoots од онлајн часот

2 thoughts on “Деветтоодделенците учеа како да се справат со лажни вести”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s