Гостин уредник – Хрватска
Проектот вклучува училишта од Хрватска, Италија, Полска, Слвенија, Шпанија и Франција
Нашата генерација не пишува разгледници и писма, туку пораки, е-меилови и постови на слоцијалните медиуми.
Токму заради ова ние добивме целосно ново искуство на пишување разгледници. Ние ги напишавме минатата недела како дел од меѓународниот проект „Ајде да бидеме солидарни“ (“P.S. POKRENI SOLIDARNOST!” или Let’splaythefraternitycard).

Ајде да бидеме солидарни! (Let’splaythefraternitycard!) – разгледниците беа испратени до локалните жители од Св. Петар Ораховец и Крижевци. Ние сме единственото училиште и едно од 24те хрватски училишта кои учествуваа во овој проект. За Хрватска, проектот беше координиран од Центарот за мировни науки. Покрај Хрватска, овој проект обединува улилишта до Италија, Полска Словенија, Шпанија и Франција. Во нашето училиште, учениците од 7мо одделение и од 6-б и 8-б напишаа разгледници. Разгледниците беа напишани по анализа на фотографии и една одржана работилница каде што ги дискутиравме предрасудите, дискриминацијата и солидарноста.

Нашите разгледници се посебни бидејќи ние не пишувавме поздрави и честитки, туку пораки аз солидарност. Со разгледниците кои имаат фотографии од огради со бодликава жица, поплавите во Венеција, момче во сиромашна француска населба и една баба седната пред компјутер, ние сакаме да започенеме разговор за разликите и солиданоста во нашата заедница. Разгледниците беа испратени до 70-тина адреси најмногу во Свети Петар Ореховец и Крижевци и сега ние трпеливо чекаме одговори од луѓето кои ги примија. Е-книгата за проектот може да се види тука.

Автор: Лаура Ившак, 7-б,
фото: С.Л.
Оригиналниот натпис е објавен во училишниот дигитален весник Klinček
Превод: М.Павлова-Аневска
Едитирање и уредување: Љ.Ружинска