На 14.04.2021 година беше реализирана онлајн работилница „Биди уредник“ (Be an editor) за време на часовите со учениците од VIII-2 и VIII-3 одд. од страна на предметниот наставник, Љубица Ружинска, која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“.
Цел на оваа работилница беше да ја разгледаме улогата на уредникот и неговите одговорности како и да продискутираме за етичките правила кои постојат во новинарската професија. Сите овие работи ни беа прикажани преку презентацијата на почетокот на часот и имавме можност да продискутиравме за истите. Потоа се најдовме во „улога“ на уредници и преку практични примери на натписи самите ги предлагавме измените кои треба да се направат за да истите ги задоволат етичките правила на новинарството.
Материјалите од работилницата можете да ги најдете на следниот линк
Автор: А. Мангарова VIII-3
фото: screenshots од онлајн часот
2 thoughts on “Што значи да се биде уредник?”