Интервју

Стипендијата „Борис Трајковски“ и училиштето НОВА ќе ми овозможат да го развијам својот потенцијал и талент

НОВА е независно меѓународно училиште, сместено во Скопје. Условите за запишување во ова училиште опфаќаат солидно познавање на англиски јазик и математика, одличен успех од петто до осмо одделение, препораки од класен раководител и наставник по избор. При селекцијата на кандидатите се спроведуваат тестирања за проверка на знаењата по англиски јазик и математика, како и испраќање на видео есеј во кој кандидатите зборуваат за тоа кои се нивните цели при учењето низ соработка, што е една од главните вредности за кои се залага НОВА и креирање на тимски презентации насочени кон решавање на конкретен зададен проблем во Македонија.

Меѓународното училиште НОВА

Деветтоодделенците Калина Гоцевска, Искра Митевска и Михаил Мирчески се 17 генерација на ученици што ќе се школуваат во Меѓународното училиште НОВА благодарение на стипендијата „Борис Трајковски – НОВА“. Оваа стипендија целосно ги покрива трошоците за нивното четиригодишно средно образование во НОВА, период во кој тие очекуваат да се стекнат со квалитетно образование преку најнапредни методи на учење, да ги развијат своите лични способности и вештини, да соработуваат со луѓе од различни култури и да се изградат во нови лидери и лидерки на заедницата, подготвени за идните животни предизвици. За стипендијата „Борис Трајковски – НОВА“ оваа година се пријавиле над 100 кандидати, од кои 20 ученици влегле во втората фаза на селекција која се одвивала во текот на неколку недели. Годинава првпат процесот целосно се организирал онлајн.

Нашата редакција направи интервју со Калина Гоцевска, ученичка во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје и добитничка на една од стипендиите „Борис Трајковски – НОВА“. 

Калина Гоцевска

Л.А ИН-форматор: Која е твојата инспирација за да се запишеш во Нова?

К.Г.: Училиштето Нова секогаш беше едно од можните средни училишта каде што би го продолжила моето образование. Но, како се доближуваше мојата полуматура, решив повеќе да ја истражам образовната програма, и самиот начин на живот во ова училиште. Колку повеќе читав на интернет, се распрашував и дискутирав сфатив дека Нова нуди многу можности за понатаму во животот. Затоа што училиштето е од меѓународен карактер и наставата се одржува на англиски јазик полесно ќе можам да го продоложам моето образование во странство. Исто така дознав дека таму се препознава потенцијалот и талентот кај секој ученик, и истите се развиваат. Според сето тоа заклучив дека сепак би било добра идеја да конкурирам за стипендија.

Л.А ИН-форматор : Колку години наназад работиш на идејата за запишување во Нова, и какви активности превзема за да можеш да го реализираш истото?

К.Г.: Не е можно да се биде точно подготвен за конкурсот за стипендија затоа што не споделуваат многу детални информации за нивните изборни процеси и критериуми, но со сигурност можам да кажам дека најважни се одлично познавање на англискиот јазик, критичкото размислување и работната навика. Повеќе години наназад учествувам на натпревари по повеќе предмети, но преку нив само стекнав самодоверба и знаење, но не ми помогнаа директно во добивање на стипендијата.

Л.А ИН-форматор : Какви се твоите очекувања од едукацијата во гимназијата Нова?

К.Г.: За училиштето имам слушнато само убави зборови, па затоа имам прилично големи очекувања. Сигурна сум дека ќе се стекнам со сите потребни знаења од областите на природните и општествените науки, како и уметноста и културата. Знам дека ќе ми бидат понудени многу можности кои ќе ми помогнат во мојата иднина. Исто така, ќе се стекнам со многу нови пријатели од различни култури и со различни искуства, со цел да си го проширам моето разбирање на светот од различни перспективи, и се разбира да се забавувам.

Л.А ИН-форматор : Која е твојата подалечна цел за студии, и зошто мислиш дека школувањето во Нова ке ти помогне?

К.Г.: Да бидам искрена, немам некоја дефинирана цел или детален план. Всушност не знам ни со која кариера сакам да се занимавам. Се надевам дека во Нова ќе го откријам тоа што ме влече и каде имам најголем потенцијал. Сега за сега можам да кажам дека најмногу ме влечат природните науки, најмногу биологијата и анатомијата, но исто така и уметностите, поточно пишувањето литература. Единствен сигурен план ми е дека се стремам да студирам на универзитет во странство, се надевам некој од Ivy League училиштата. 

Л.А ИН-форматор : Дали во изминативе години имаше дополнителна едукација за англиски јазик?

К.Г.: Да, посетувам курс по англиски јазик веќе 10 години. Би сакала да напоменам дека е добро ова знаење на англискиот јазик да се проширува и надвор од училницата. Често читам книги на англиски, различни списанија и весници и информирана сум за актуелните новости.

Л.А ИН-форматор : Кои други предмети мислиш дека ќе ти помогнат за запишување во Нова?

К.Г.: Мислам дека е потребно одредено општо знаење за сите предмети. Но, се разбира не мора да се биде најдобар во секој предмет и секоја област. Како што знам, во Нова подеднакво се ценети и развиени сите таленти и секој може да најде нешто што го интересира.

Автор: Г. Азманов (8-1)

Фото: интернет 

3 thoughts on “Стипендијата „Борис Трајковски“ и училиштето НОВА ќе ми овозможат да го развијам својот потенцијал и талент”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s