Гостин уредник

Општинскиот градоначалник Фрањо Полјак ја пофали нашата акција за отстранување на ѓубрето од шумата Рогошци

Гостин уредник – Хрватска

Исполнивме со отпад скоро цела приколка за трактор

„Не бидите злобни, ѓубрето фрлајте го во корпа за отпадоци!“, „Чувајте ги шумите и дишете лесно “, „Шумите не се корпи за отпадоци“, „Ѓубрето во корпа, не во шума!“, „Заштитете ја шумата и дишете здраво!“ , „Шумите не се корпи за отпадоци!“. Овие пораки може да ги видите на пет различни места во шумата Рогоска, напишани на дабови табли, кои ќе ги предупредуваат минувачите дека шумата не е место за отпад. Маријан Кос, локален жител, ги напиша пораките додека го вадевме ѓубрето од шумата, а подоцна истите се поставени во шумата од Ивица Бичуп, вратарот на училиштето, директорот Стјепан Лучки и Кристијан Крањец, вработен во општината Свети Петар Ореховец.

Во шумата бевме сите 34 ученици од четврто одделение со наставничката Наташа Тумпак Бржиќ и неколку ученици од петто и шесто одделение кои се членови на училишната Еколошка Секција. Се распоредивме од двете страни на шумата во потрага по отпад. Имавме многу работа бидејќи шумата беше полна со отпад. Наидовме на различни лименки, кутии, пластични кеси, чевли, ќебиња, пелени, па дури и коски од говеда. Сите овие работи се оставени од неодговорни луѓе во прекрасната шума што води од Горица Михолеска до Фодровец.

Матео Франјчевиќ – најпосветен учесник

Општинскиот градоначалник Фрањо Полјак заедно со неговиот заменик Драгутин Хендеja се приклучија на нашата акција и ја пофалија нашата трудоубивост. Тој рече дека работевме многу напорно, потенцирајќи ја посветеноста на ученикот Матео Франјчевиќ. Матео беше шампион кој го собираше и најмалото парче хартија – рече Полјак. По акцијата, очигледно беше дека Матео без двоумење ќе зачекори во калта за да го собере ѓубрето. Па така, калта беше не само на неговите чизми, туку и на панталоните, маицата, па дури и на лицето, затоа што одеше се подлабоко со цел да го извади секое парче пластика или најлонска кеса.

Што се однесува до видеото снимено од нашиот режисер Лука Шок, општинскиот градоначалник Полјак рече дека е изненаден од неодговорноста на луѓето што фрлаат отпад во природата, со оглед на тоа што во Општина Свети Петар Ореховец организирано собирање отпад постои од 2002 година. И ние, децата, не разбираме зошто нашите сограѓани не можат да се ослободат од старите навики и да започнат да фрлаат отпад во корпите што ги имаат во нивните домаќинства.

Идејата за оваа акција потекнува од меѓународниот проект „П.С. Ајде да играме на братската карта! “

Со оваа акција за отстранување на ѓубрето од шумата Рогошци, сакаме да го предупредиме локалното население за да престанат со неодговорните активности кон природата. Па, покрај акцијата за чистење, подготвивме и околу 300 летоци, кои беа дистрибуирани меѓу домаќинствата од страна на нашите ученици. Летоците беа направени за да го потсетат локалното население дека комуналното претпријатие Крижевци им обезбедува и бесплатно собирање на кабаст отпад. Би сакале оваа  акција да ја подигне свеста на локалните жители и во иднина целиот отпад да се фрла во корпи за отпадоци.

На крај, треба да се каже дека идејата за оваа акција потекнува од проектот наречен „П.С. Ајде да играме братска карта! Благодарение на учеството во овој меѓународен проект, нашето училиште доби 2.300 куни за спроведување на оваа акција. Од тие пари беа купени ракавици, алати, вреќи за ѓубре, но и сендвичи, сокови и чоколади, кои ги искористивме за да се освежиме на крајот од акцијата за отстранување на отпадот од шумата.

Автор: Карла Кос, 6а

фотографија: С.Л.

Оригиналниот натпис  е објавен во училишниот дигитален весник Klinček

Превод: Е.Здравев

Едитирање и уредување: Љ.Ружинска

Leave a comment