Работилници

Петто одделенците беа ТВ презентери/спикери

На 20.10.2021 година учениците од V-1 одделение учествуваа во работилницата „Како да станам ТВ презенетер/спикер“ која е дел од нашиот Еразмус+ КА229 проект „Млади новинари дене – одговорни дигитални граѓани утре“. Работилницата беше реализирана од страна на нашиот одделенски наставник, Тања Јосимовска.                  

Самиот настан беше голем предизвик. Се забележуваше возбудата кај сите ученици затоа што имаа голема и одговорна задача. Не секогаш е лесно да се застане пред камера и да се прочитаат информациите. Пред камера човекот/ детето се чувствува малку несигурен од една страна, но истовремено и горд што умее да го покаже тоа што го знае.         

На почетокот снимањето изгледаше дека е лесно и едноставно за изработка, но кога ќе застанеш пред одделението и пред камерата, тогаш кај сите се забележуваше тремата и несигурноста.  Додека се снимаше сите очи беа вперени кон оние што презентираа, се правеа ненамерни грешки од трема кои предизвикуваа смеа. Сепак  успешно беше  завршена дадената презентерска задача. 

Автор: Милан Здравковски V-1 одделение         

фото и видео: Т.Ј. 

2 thoughts on “Петто одделенците беа ТВ презентери/спикери”

Leave a comment