Вести

Акција „Засади дрво засади ја својата иднина“

На 20.10.2021 година во нашето училиште се реализираше активност за садење на дрвца од страна на учениците од осмите одделенија во рамките на иницијативата за поттикнување на демократска клима во училиштето.

На часовите по граѓанско образование со учениите од осмо одделение се разговараше за тоа што се тоа ученички демократски иницијативи и која е целта на тие иницијативи. На учениците им беше даден предлог да размислат какви активности би сакале да се реализраат во нашето училиште. Меѓу бројните предлози тие решија да започнат со првата активност – Активност за подигање на јавна ЕКО свест кај учениците и населението. Преку оваа активност учениците сакаат да влијаат врз зголемување на еко свеста на населението и да ја промовираат важноста за зачувувањето на здрава животна средина.

Целата активност се реализира во текот на месец октомври. Беа набавени дрвца за засадување и со помош на хаусмајсторот се ископаа дупки за садење на дрвцата на определеното место. Се засадија дрвцата и на нив се закачија пораки кои ќе ја подигаат ЕКО свеста кај останатите ученици и други посетители.

Крајната цел беше поттикнување на чувство на одговорност помеѓу учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата и зајакнување на нивната иницијативност за преземање активности за позитивна промена.

Автор: Г. Азманов (9-1)

Фото: веб страна на училиштето

1 thought on “Акција „Засади дрво засади ја својата иднина“”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s