7.5.2022 го означи третиот ден од 34-тиот Саем на книгата, кој после две години се оддржа во познатата локација, спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Саемот на книга е една од најзначајните културни манифестации во земјата, кој има најголемо количество на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
И покрај тоа што беше третиот ден од саемот, во салата имаше толпи луѓе, познати писатели, а и немаше недостаток на книги. За љубителите на книги овој настан е посебен секоја година, а од особена важност е овогодишниот саем кој поради пандемијата не се одржа цели две години.







Организирана група ученици од деветто одделение заедно со нивната наставничка по македонски јазик м-р Благица Ангеловска го посетија Саемот на книгата. Со очигледен ентузијазам, љубопитност, радост и интерес, учениците ги посетија штандовите на издавачките куќи, ги разгледаа изложените книги, се интресираа за содржините, разговараа со расположените книжари, бараа совети за избор на книга според сопствените потреби и си избраа книга којашто со посветеност и внимание ќе ја читаат во слободното време.
Некои од позначајните писатели кои беа присутни на саемот беа: нашиот наставник по македонски јазик, Душко Трифуновски, кој го водеше штандот на литератур.мк, глумецот и писател Игор Џамбазов, како и Елизабета Баковска и Сашо Димоски кои беа присутни на продажбата на нивната најнова книга „Во главата пишувам расказ“.
Автор: Г. Азманов (9-1)
Фото: Г.А.
2 thoughts on “34-ти Саем на книгата”