Технологија

Како да ги заштитиме нашите лични податоци

Нашите лични податоци се нешто многу важни за нас и нашиот идентитет, па затоа мора многу внимателно да ги чуваме. Неколку совети за тоа како да ги сочуваме нашите податоци подобро, сподели Божидар Спировски на настанот насловен „Бидете себични со вашите податоци“, во организацијата на Фондација „Метаморфозис“, кој се одржа во рамките на иницијативата „Разговори за приватност“. Тој е инжинер со 20-годишно искуство и раководи на технички и информациско безбедносни тимови. 

Во врска со полисите за приватност на друштвените мрежи, тој вели дека иако навидум тие се преставени дека се наменети за заштита на користиците, во суштина не се. Овие полиси им служат само за компаниите кои ги поседуваат апликациите да бидат сигурни дека кориснициците се само упатени за тоа како тие работат. Содржината на истите е многу напорна за читање, строго правничка и многу долга, а повеќето од корисниците не се ни запознаени со нешто повеќе откако ќе ја почитаат.

Многу голем дел на парите кои ги заработуваат компаниите кои најчесто ги посетуваат социјалните мрежи се од рекламите кои се прикажуваат на страничниот дел. Овие раклами содржат привлекувачки содржини кои не тераат да се задржиме што повеќе на страницата бидејќи тие постојано се менуваат. Колку повеќе реклами се прикажани толку повеќе пари се заработени. За да има сигурни шанси за подолго задржување на корисникот на сајтот се користи и емотивно инвестирање кое не тера да оставаме повеќе лајкови и коментари кои дополнително придонесуваат пари кои одат кај сопственикот.

За време на пандемијата со Ковид-19 се актуелизира и термин „doomscrolling” кој е поврзан со предолгото поминато време онлајн најчесто на социјалните мрежи. Ова е потврдено со фактот дека во 2020 година Oxford English Dictionary го прогласи терминот за збор на годината.„Doomscrolling” исто така влијае и ментално врз здравјето на корисниците. Поимот значи внесување премногу негативна енергија и предизвикување на негативни мисли, најчесто поради лажните вести на интернет и изложеноста на негативни содржини и вести, а тоа прави да се чувствуваме повредено, депресивно, тажно и да имаме голем страв од било што (Извор). 

Спировски во еден дел дава совети за тоа дека нашата безбедност можеме да ја заштитиме со користење на пребарувачи кои не ги користат и собираат нашите податоци, туку наспротив ја почитуваат безбедноста на корисниците. Наместо пребарувачот Chrome да се користат FireFox, Opera или Brave, или пребарувачи како што се DuckDuckGo или Qwant.кои ја почитуваат приватноста. Исто така за да имаме дополнителна заштита тој предлага да се инсталираат додатоци како Ublock Origin, Privacy Badger и DuckDuckGo privacy essentials. Исто така важно е да внимаваме на кои апликации им дозволуваме пристап до нашата камера, микрофонот и др. Некои апликации на кои им дозволуваме пристап се обидуваат само да соберат што повеќе податоци за нашето однесување, разговори што гледаме/читаме и сл. (Извор). 

Познатите социјални мрежи како Instagram, Facebook и TikTok се осврнати најмногу на собирање лични податоци кои ги продаваат за маркетинг и кампањи. Тие постојано ги препродаваат податоците до тој степен што доаѓа до детектирање на ваквите случаи каде тие треба да се превдаат пред јавноста, за да повторно продолжат на нов и покреативен начин. 

Спировски за крај ни посочува на тоа дека сепак треба да внимаваме и на обидите за следење кои ни пристигаат и лајковите на социјалните мрежи, бидејќи истите не вредат многу, но откриваат многу за нас и нашиот живот.  

Автор: Д. Божиќ (9-6)

Фото: Unsplash

2 thoughts on “Како да ги заштитиме нашите лични податоци”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s