Актуелно

Градинарскиот центар „ФОЈА“ донира растенија за нашето училиште! 🌿

Со оваа донација, нашето училиште ќе стане позелено и поубаво место за учење и дружба. Благодарение на градинарскиот центар „ФОЈА“, учениците ќе имаат можност да се вклучат во активности за одржување на растенијата и да ја развиваат својата еколошка свест.

Голема благодарност до „ФОЈА“ за оваа општествено одговорна акција и за поддршката во градењето на подобра и почиста околина!

Патрониот празник на нашето училиште, под мотото „Мојата Македонија“.

Со гордост и благодарност им оддаваме почит на вредностите кои не обединуваат – знаење, труд, љубов кон татковината и почит кон традицијата. Нашите ученици, наставници и гости уште еднаш потврдија дека училиштето е место каде се градат карактери, се развиваат таленти и се создава иднината на нашата Македонија. Секој ученик, секој настап, секој збор денес беше…

Прочитај повеќе

Европскиот ден на јазиците

Денеска во нашето училиште беше одбележан Европскиот ден на јазиците, кој традиционално се прославува на 26 септември. Учениците ги подготвија  и претставија своите презентации, преку кои го покажаа богатството и разновидноста на европските јазици, култури и традиции. Настанот им овозможи да ги развијат своите јазични и презентациски вештини и да се запознаат со културното наследство…

Прочитај повеќе

Инклузивен саем во ООУ „Лазо Ангеловски“

Денес, нашето училиште ООУ „Лазо Ангеловски“, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, организираше инклузивен саем посветен на прифаќањето, разбирањето и заедништвото. На саемот беа претставени повеќе штандови каде учениците имаа можност да учествуваат во различни активности и да ја почувствуваат реалноста на учениците со оштетен…

Прочитај повеќе

Честитки за Првенецот на Генерација!

Ученикот Никола Зорески од 9-1 одделение се истакна како најдобар помеѓу најдобрите и се здоби со титулата Првенец на генерација. Со голема радост и гордост ти честитаме за извонредниот успех и заслуженото признание. Овој успех не е само доказ за твојата упорност, туку и најава за уште многу идни достигнувања. Горди сме на тебе!

Прочитај повеќе

Меѓународна трка (eurotrip) со должина од 455км

Нашиот наставник по физичко и здравствено образование, Кристијан Шумковски во периодот од 06.06.2025 година до 08.06.2025 година беше дел од меѓународна трка (eurotrip) со должина од 455км, на која трчаше со својот клуб 091RUNCrW од Инсбрук преку Италија до Љубљана. Се натпреваруваа со уште 35 тимови од цела Европа и заземаа 26-то место. Истата ја…

Прочитај повеќе

Драги полуматуранти!

Денес стоиме овде заедно, на крајот од едно важно и незаборавно патување. Денес го прославуваме вашето растење, соништата , предизвиците и сè што ве направи посилни. Во изминатите девет години заедно учевме , растевме и сонувавме . Драги ученици, ова не е крај – ова е само нов почеток. Пред вас се отвораат нови патишта,…

Прочитај повеќе

Саемот на книгата во ООУ,,Лазо Ангеловски,, 28.05.2025

Саемот на книгата што се одржа на 28.05.2025 во аулата на нашето училиште беше прекрасно доживување за сите ученици. Во рамките на проектот „Читателски авантури за најмладите“, учениците донираа книги и лектирни изданија за збогатување на училишната библиотека, а истовремено ги презентираа своите трудови поврзани со прочитаните лектири. Атмосферата беше исполнета со љубов кон книгата,…

Прочитај повеќе

Договор за соработка помеѓу министерката Сања Божиновска, директорката на ООУ „Лазо Ангеловски“ и директорот на Македонски Телеком

Горди сме што ООУ „Лазо Ангеловски“ е дел од иновативниот проект за енергетска ефикасност! Во просториите на Министерството за енергетика беше потпишан Договор за соработка помеѓу министерката Сања Божиновска, директорката на ООУ „Лазо Ангеловски“ и директорот на Македонски Телеком – со што официјално започнува реализацијата на паметниот систем за следење и управување со потрошувачката на…

Прочитај повеќе

Вовед на францускиот јазик како изборен предмет во петто одделение

Францускиот јазик доаѓа во петто одделение! Со големо задоволство ја споделуваме веста дека нашето училиште има можност од следната учебна година да го воведе францускиот јазик како изборен предмет во петто одделение, доколку постои интерес кај учениците. Оваа иницијатива е дел од анексот на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за образование и наука и Француската…

Прочитај повеќе

Учиме да бидеме еко-свесни!

ООУ „Лазо Ангеловски“ учествуваше во иницијативата за еколошка свест и одговорност, во соработка со Македонски Телеком и „Нула Отпад“! Заедно со нашите ученици, нивните семејства и посветениот наставен кадар, собравме старa електронска опрема – телефони, таблети, слушалки и други уреди – и ја испративме на рециклирање! Наместо на депонии, над 1000 уреди од повеќе институции…

Прочитај повеќе

Something went wrong. Please refresh the page and/or try again.

Денес започна зелената акција во Oпштина Аеродром, во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“ во соработка со Општина Аеродром се започна со садење на 92 нови дрвја 🌱

Во денешната акција која се одржа во дворот на ООУ ,,Лазо Ангеловски” беа засадени 30 садници од чинар – дрвја кои се идеални за урбана средина и имаат долг животен век ⏳.

👧🧒 Нашите ученици од IV, VI и IX одделение учествуваа на забавна и едукативна работилница со Првиот скопски извиднички одред , каде преку игра 🎲 и практични примери научија за:

✔️ важноста на урбаното зеленило 🌳

✔️ придобивките од дрвјата врз квалитетот на воздухот 🌫️➡️🌤️

✔️ како сите можеме да придонесеме за поздрава животна средина 🌎💚

Проектот е финансиран од Европската Унија 🇪🇺 и се реализира во Скопје, Битола, Куманово и Тетово 📍 со цел намалување на аерозагадувањето и унапредување на квалитетот на воздухот .

За поздрава средина и зелени училишта – садиме, учиме и растеме заедно!

Двоен триумф за ООУ “Лазо Ангеловски”! 🥇

♟️Денеска нашите ученици учествуваа на Екипното првенство во шах меѓу основните училишта од Општина Аеродром, кое се одржа во ООУ „Љубен Лапе“.

🏫 Нашето училиште беше претставено со две екипи – ученици од прво до петто и ученици од шесто до деветто одделение.

✨ Со голема гордост објавуваме дека нашите екипи го освоија 1. место во двете категории:

• Прво до петто одделение: 🥇 ООУ „Лазо Ангеловски“

• Шесто до деветто одделение: 🥇 ООУ „Лазо Ангеловски“

♟️ Првенството беше организирано од новоформираниот Шаховски клуб „Аеродром“ со поддршка од Општина Аеродром, а учениците кои не претставуваа беа избрани преку селекциски турнири.

❤️ Честитки до сите наши ученици за вложениот труд, посветеност и извонреден успех! Нека овој голем успех биде поттик за уште многу идни победи!

📚Нашето училиште го прослави Светскиот ден на книгата, 23 април 2025 година, познат и како Светски ден на книгата и авторското право или Меѓународен ден на книгата, кој e годишен настан.

📖Во огранизација на училишните библиотекари, одделенска и предметна настава, беа изведени повеќе активности:

– Изработка на училишни книги од учениците под мотото „Читаш книга значи не си сам” посета на училишната библиотека и презентација на изработените дела.

– Учениците од предметна настава беа креативни под мотото „Најдоброто кино на светот е фактот кога ќе сватите додека читате книга”

– Во повеќето одделенија имаше и посета од писателката Јадранка Клисарова.

👩🏻‍🏫👨🏻‍🏫Библиотекари: м-р Тони Димов Душица Мангутова

Голем успех за нашиот оркестар!

Оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, Скопје, освои Прва награда 🏆 во категоријата училишен оркестар, со неверојатни 95 поени од можни 100!

Диригент: Ѓорѓе Ќириќ 🎶

Честитки за сите ученици и менторот – гордост сте на нашето училиште!