Вести, Култура

Во ерата на дигитализација, поважно е од
кога било да се охрабрат учениците да читаат
и да им се помогне да ја согледаат
вредноста на литературата.
Затоа на 26 Април сите патишта водат кон ООУ,,Лазо Ангеловски”, кадешто ќе се одржи Саемот на книгата под мотото
,,Дете што чита е возрасен што мисли”.
Главната цел на саемот е да ги поттикне учениците да истражуваат различни жанрови и да развијат страст за читање.
На штандовите издавачките куќи ќе имаат можност да ги доближат до учениците книгите од домашни и странски автори од различни жанрови- современи и класични книжевни дела, стручна и научна литература, белетристика, лектири, енциклопедии, книги од областа на културата и уметноста.

Leave a comment