Работилници, Училиште

Обуки за нас – учениците

Во периодот Ноември-Декември и за нас, учениците се организираа повеќе работилници со цел да се запознаеме и да дадеме свој придонес во подобрувањето на нашето сопствено образование, но и на подобрување на успехот на целото училиште.

На ден 21.11.2023 година се одржа првата работилница на тема ,,Комуникациски вештини”.
Работилницата се реализираше преку проектот „Промоција на безбедна училишна средина” поддржан од Детската фондација Песталоци. Училиштето добива менторска поддршка од назначениот ментор Александра Петровска.
На работилницата учествуваа членовите на Ученички парламент-претседателите и нивните заменици од секоја паралелка од VII-IX одделение.

Ј.Ѓ.

Leave a comment