Култура, Технологија, Училиште

ЕКО КОНЦЕРТ

Еко концерт по повод Меѓународниот ден на батеријата

По повод Мегународниот ден на батеријата,ООУ Лазо Ангеловски во соработка со Нула отпад ДОО Скопје и мандолинскиот оркестар Скопје, на 20.02.2024 година организираше еко концерт.

Еко концертот се одржуваше во аулата на училиштето во изведба на мандолинскиот оркестар под диригентство на маестро Ерхан Шукри. Влезниците за концертот можеше да се купат во училиштето на одредени места.

За време на одржување на концертот во училишната аула се одвиваа низа други активности. Учениците од ликовната секција сликаа на тема “Екологија”, а дел од присутните ученици го селектираа отпадот во специјализирани контејнери.

    Сите овие активности беа во насока на подигање на свеста на учениците за важноста на селектирање на отпадот со цел заштита на животната средина.

Ј. Ѓореска

Leave a comment