Вести, Работилници

„Промоција на безбедна училишна средина“

На ден 14.3.2024 година тимот на СмартАП – лабораторија за социјални иновации во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ рализираше креативна работилницата „ Дизајнерско размислување за решавање предизвици во училиштата“ на која учествуваа учениците, наставниците и стручни соработници од ООУ „Лазо Ангеловски“ од Аеродром, Скопје, ООУ „Магдалена Антова” од Куманово, ООУ „Војдан Чернодрински“ од Карпош, Скопје и ООУ „Браќа Миладиновци“ од Илинден, Скопје.

Целта на оваа работилница е да им овозможи на учениците да ги сфатат и применат концептите на дизајнерско размислување во нивната училишна средина. Преку овој процес, нивните креативни и иновативни способности ќе се развијат, додека истовремено ќе ги освестат на предизвиците и можностите што ги носи нивната заедница. Ова не само што ги поттикнува учениците да размислуваат креативно, туку и ги подготвува за решавање на реални проблеми преку тимска работа и иновативни пристапи. Откривањето и разликите во начинот на размислување и решавање проблеми може да ги осоколи учениците да станат подобри лидери и тимски играчи во иднина. Проектот е поддржан од Детската фондација Песталоци.

Leave a comment