Вести, Училиште

Проект ”Rolling Together” инклузија во спорт.

Денес 07.03.2024 год во општинското основното училиште ,,Лазо Ангеловски,, покрај запознавањето на учениците од IX одделение со спортот ,,Кошарка во колички,, се одигра и инклузивен натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија на кошаркари во количка и учениците од ова училиште.

Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се одвива во сите основни училишта во Општина Аеродром се со цел да ги научиме децата да бидат инклузивни и да даваат поддршка со тоа што ќе се однесуваат кон сите со љубов, почит и љубезност.

Со тоа Општината Аеродром стана прва општина во Македонија што подржува ваков инклузивен спортски проект. Целта на проектот е преку интерактивна активност да им помогнеме на учениците да разберат дека секој човек е уникатен и има свои силни страни и дека лицата со инвалидитет имаат уникатни способности и таленти, исто како и секој друг.

Leave a comment